Холивудскиот заводник Џорџ Клуни објаснил зошто чекал токму во 50-тите години од неговиот живот за да се реализира како татко. 59-годишниот актер ги доби близнаци Ела и Александар со сопругата Амал, со која се ожени во 2014 година.
За емисијата „Today“, тој објаснил како и кога воопшто планирал потомство, секогаш со мислата дека ќе се одлучи за тој чекор само кога ќе ја најде личноста со која навистина би сакал да има деца.
„Родителството во младоста воопшто не ми паѓаше на памет“, изјавил искрено Клуни .
„За многу луѓе, станување родител е главна цел во животот. Не за мене. Имав чувство дека имам исполнет живот и деми не ми требаат деца за да го направм животот уште побогат. Тогаш ја запознав Амал и сфатив дека мојот живот до тој момент беше празен. Дури кога станав татко, видов некои работи појасно“, изјавил актерот.
Тој истакнува дека неговото семејство му дало значење во животот, и дека неговите деца му дале сè што не е светот на шоу-бизнисот, а тоа е чувство на припадност.
„За некои луѓе цел е да имаат деца, но тоа не беше и моја цел. Не размислував на тоа дека мојот живот ќе биде нецелосен без деца, веќе истиот беше прилично исполнет“, ја започнал приказната славниот актер.
„Тогаш ја запознав Амал и сфатив дека, мојот живот е празен. И кога пристигнаа нашите две деца, сфатив дека е неверојатно празен“, изјавил Клуни.
Познато е дека Џорџ и Амал ги имаат близнаците Александар и Ела.
Интересно е и тоа како Џорџ зборува за родителството … Имено, тој претпочита да биде татко отколку да биде холивудска ѕвезда.
„Се чувствувам како да припаѓам на некого, знам што значи дом и безусловна љубов“, додал Клуни.