Јосипа Лисац е една од најавтентичните хрватски музичари и со години владее со сцената освојувајќи ги сите генерации слушатели.

Иако често ја опишуваат како ексцентрична, Лисац вели дека никогаш не ѝ се допаѓале такви квалификации. Таа претпочита да се смета за жена која храбро го избрала и го оди својот животен пат, дури и кога била погрешно разбрана.

Не сум воспитувана со комплименти, а и подоцна во животот не дозволував пофалбите да влијаат на мене и да се хранам со тоа. Не дозволував ниту критиките да ме обземат. Станав свесна за моето мислење за себе и за мојата работа. Мене не ми беше потребно некој да ми се восхитува“, кажа Јосипа гостувајќи во подкастот на Ана Радичиќ.

71-годишната Лисац вели дека музиката е нејзината духовна храна, а во текот на разговорот се присети и на своето детство и сиромаштијата што владеела во тоа време. Како што вели, пораснала на чорби, а месо јадела многу ретко.

Подоцна, 20 години бев вегетаријанец, па дури и денес ретко јадам месо, претежно во друштво и поради пристојност. Мојот Карло многу готвеше, тој беше готвачот дома. Бев многу млада кога го запознав, имав само 21 година, но не дека не знаев ништо“, се присети Јосипа на својот покоен сопруг Карло Метикош.

Таа вели дека својата фит линија ја одржува со вежбање и пешачење – и тоа во сопствениот стан. Зборувајќи на телефон, како што вели, може да помине и до два километри.

Во текот на својата богата кариера, Јосипа има одржано безброј концерти, а во февруари на Денот на вљубените, поради пандемијата, го имаше и својот прв виртуелен концерт и вели дека таков формат на настапи одлично ѝ одговара.

Да живеат виртуелните концерти, тоа беше божествено. Не ми беше чудно што нема публика, затоа што јас секогаш ѝ се обраќам на публиката. Знам дека се таму, го чувствувам тоа!“, вели музичката дива.