Откако се појавија информации дека специјалистот за детска хирургија Владимир Чадиковски би можел да биде кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, се огласи самиот тој на социјалните мрежи, односно твитер.

– Толку го сакам својот град што не би сакал да го води човек како мене,кој е стручен за друго. Мојот живот е медицината и моја професионална мисија е да помагам на што повеќе болни деца. И ништо надвор од тоа. Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес, напиша Чадиковски.