Првпат после година и половина, илјадници луѓе можат да присуствуваат на традиционалниот, таканаречен, свештенички благослов пред Ѕидот на плачот во стариот град во Ерусалим, откако пред пред почетокот на еврејскиот празник Пасха беа укинати ограничувачките мерки, наметнати поради пандемијата на коронавирус.

Десетици илјади еврејски аџии доаѓаат двапати годишно на тоа свето место по повод Пасха и за празникот Сукот.

Поради ширењето на вирусот, масовните јавни настани беа откажани, и минатата година само десет лица дојдоа на Ѕидот на плачот по повод церемонијата на благослов за време на Пасха.

И за празникот Сукот во октомври, бројот на учесници на церемонијата беше намален бидејќи имаше голема бројка на заразени со вирусот.

ФОТО: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Оваа година, церемонијата ќе трае два дена со цел да се ограничи собирот, а илјадници полицајци ги обезбедуваат пристапните патишта.

Израел постепено ги олесни многуте мерки воведени за спречување на брзото ширење на вирусот.

Третите ограничувања воведени во Израел се во сила повеќе од еден месец, а благодарение на најбрзата вакцинација во светот, целото население над 16 години се очекува да биде вакцинирано до крајот на април.