Северна Македонија денеска прослави една година членство во НАТО Алијансата. Како дел од сојузничките сили, безбедноста на македонското небо сега ја гарантира НАТО. Како најблиска членка на алијансата со нивните авиони и летала, македонската територија ја надлетуваат грчките борбени авиони. Така беше и денеска кога три Ф16 ловци го прелетаа македонското небо во чест на членството на Северна Македонија во НАТО.