На целосно вакцинираните лица, во следните месеци, би можело да им се овозможи да се собираат во затворен простор и без физичка дистанца или носење заштитни маски, под одредени услови, соопшти Владата на Црна Гора.
На владиниот налог на Твитер пишува дека едно од најчесто поставуваните прашања е дали лицата треба да носат маски и да избегнуваат контакти со други доколку примиле две дози на вакцината.
Од Владата велат дека засега сите јавни здравствени агенции и авторитети препорачуваат носење заштитна маска неколку недели по ревакцинацијата.
– Во месеците кои следуваат очекувано е дека на целосно вакцинираните лица ќе им се овозможи собирање во затворен простор и без физичка дистанца или носење маски под одредени услови, наведува црногорската Влада.