СДСМ постави нови стандарди на нашата политичка сцена, ние сме единствената и прва политичка партија која лидерот го избира на непосредни избори, односно членството да го избере лидерот, а не како што беше досега и како што е во останатите политички партии делегатите да го направат тоа, истакна потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири во емисијата „Утрински брифинг“.
Тој додаде дека СДСМ и Зоран Заев поставија демократски стандарди, кои ќе останат во наследство и следниот пат претседател ќе се избира на овој начин.
-Успешно ја сработивме целата работа со ажурирањето на членството, истакна Зеќири додавајќи дека секако овој процес не завршува тука со ажурирањето, од сега па натака ќе продолжи кој и да сака да се зачленува ќе влезе во базата на податоци и ќе има можност да си го ажурира своето членство во СДСМ.
СДСМ е единствена партија, која има ограноци во сите општини, како мултиетничка партија и во секоја мултиетничка општина, а членови има од апсолутно сите етнички заедници, нагласи Зеќири.