Во гостувањето во Радио Лидер, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, коментирајќи го вчерашниот реизбор на Зоран Заев за претседател на СДСМ, вели дека со него повторно на чело, оваа партија станала султан партија.

„Демократијата која што ја промовираат социјалдемократите не наликува на демократија. Овој начин на избор на претседател е навистина срамен за една партија, за една плуралистичка држава. Еден кандидат говори сам за себе и за каква партија станува збор, односно за султан партија. Демократијата дозволува и најголемите криминалци , злочинци се така речено да се дофатат до власта, и кога таквите криминалци ќе се дофатат до власта тие имаат тенденција односно тежнеат кон моќта, кон државниот апарат, кон злоупотреба на институциите и тогаш се доведуваме до ситуација да ја имаме најлошата форма на тиранија која што е поопасна од обило која форма на монархија или на олигархија“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во радио „Лидер“.

Ковачки додаде дека можеби е такво внатрешното уредување на партијата СДСМ, но граѓаните ги загрижува нивниот однос кој што за жал се пренесува на државата и на државните институции.