Еврокомесарот за единствен пазар, Тиери Бретон, изјави дека Европа до средината на јули може да постигне колективен имунитет на коронавирусот, воедно најававувајќи го и зголемувањето на испораките на вакцини до земјите членки.
-Да го земеме симболичниот датум – 14 јули, дотогаш би можеле да постигнеме имунитет на европско ниво, рече Бретон за францускиот канал ТФ1. Патем, 14 јули е национален празник во Франција, Денот на падот на Бастилја.
Бретон додаде дека постои само едно решение за надминување на епидемијата, а тоа е вакцинацијата.
-Вакцините пристигнуваат и ќе ги имаме“, додаде еврокомесарот, наведувајќи дека од март до јуни ќе бидат доставени 300 до 350 милиони дози на вакцини против коронавирусот.
Според него, 55 фабрики во Европа веќе произведуваат вакцини против Ковид-19