Голем инцидент се случи на 19 март за време на снимањето на емисијата Acces Direct на романската телевизија А1, кога водителката Мирела Вајда беше нападната во живо.
Целосно гола жена со цигла влета во студиото и ја нападна водителката. Водителката успеа на време да ја види жената. Преплашена започнала да вреска дури и пред камерите да го забележат бизарениот напаѓач.
Тимот во студиото реагираше брзо. Еден од снимателите влета во кадар меѓу двете жени и за среќа никој не беше повреден во овој инцидент.
Жената напаѓач наводно влегол во зградата преку необезбеден страничен влез.