За нов директор на струшката болница е назначен доктор Арменд Арслани, поранешен заменик министер за здравство. Тој доаѓа на местото на Мухамед Асани, кој завчера беше разрешен од страна на министерот по случајот во кој родилка од Дебар остана без три органи. За овој случај пред два дена е формирана комисија и сега се прави увид во стручниот дел од работата. Сега веќе екс директорот на болницата во Струга, Мухамед Асани вчера се огласи преку социјалните мрежи и порача дека совеста му е чиста додавајќи дека тој не погрешил ништо.