Од 1 март до денеска, бројот на случаи со ковид 19 е зголемен за 4.500 лица. Британскиот сој што го карактеризира третиот бран на пандемијата се шири брзо и се пријавуваат над 1.000 позитивни случаи дневно. Мерките што ги наметнаа властите според Лекарската комора не се доволни за да се спречи ширењето на вирусот. Бараат дополнителни мерки од оваа институција.
„Ја повикуваме Комисијата за заразни болести сериозно да земе во предвид воведување дополнителни рестриктивни мерки и протоколи. Свесни сме дека овие мерки се крајно непопуларни, но се во интерес на одржливоста на болничките капацитети и зачувувањето на јавното здравје. Како здравствени работници сметаме дека нивното сместување е повеќе од потребно“.
Додека бројот на случаи се зголемува, Македонија сè уште е без вакцини. Граѓаните во меѓувреме продолжуваат да имаат интерес да бидат вакцинирани. До денеска, 110.789 граѓани се пријавиле на интернет – платформата и кај матичните лекари. Анализата на Институтот за демократија „Сосиетас Цивилис“ покажа дека половина од анкетираните граѓани изјавиле дека сакаат да бидат вакцинирани додека 16% од нив се во дилема дали сакаат имунизација.
„Повеќето граѓани ја претпочитаат вакцината „Фајзер“, додека по „Фајзер“ граѓаните претпочитаат да се вакцинираат со „Спутник“. Анкетираните граѓани „Синофарм“, „Модерна“ и „Астра Зенека“ скоро да не ги претпочитаат, додека значителен процент изразија дека немаат став за избор на вакцина“.
Вакцинацијата на здравствените работници продолжи. До денеска, вакцинирани се 5.245 лица.