Од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение реагираат за одложувањето на Вонредниот Конгрес од Иницијативниот одбор.
„Во врска со откажување на таканаречениот вонреден конгрес на иницијативата Мериот, ВМРО-ДПМНЕ го истакнува следното:
Уште една инвестиција на Заев пропадна.
Уште еден пораз за тоа да се инсталира контролирана опозиција“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие велат дека ова е „најголемиот доказ дека ВМРО-ДПМНЕ пактови со криминал не прави но и дека луѓето кои уценети одработуваат за Заев не може да бидат иднина“.
„ВМРО-ДПМНЕ е реформирана и прочистена партија од компромитирани кадри кои решија да му служат на Заев. Ништо од приказните и лагите дека имале мнозинство делегати па дека нив им била намерата да направат промени во опозицијата со тезата Заев е добар, а ВМРО-ДПМНЕ не чини. ВМРО-ДПМНЕ е отворено за сите чесни и добронамерни луѓе и единствена цел останува пораз на Заев и одговорност за неправдите и криминалите. Македонската пролет доаѓа“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.