Дали употребувате дроги? Колку? Колку често? Ова се дел од прашањата поставени во најновото Европско веб истражување за дроги, кое денеска го промовираше Европската агенција за дроги (ЕМЦДДА).
Во Република Македонија истражувањето го спроведува Инстиутот за јавно здравје во соработка со Министерството за здравство. Со цел полесно споделување на прашалникот направена е и Фејсбук страница со подетални информации.
Истражувањето ги таргетира лицата кои што имаат 18 години или повеќе, кои користеле дрога и има за цел да ги процени начините на употреба на дрога во Европа и да помогне во креирањето на идните политики и интервенции за дрога.
Доброволното, анонимно истражување – едно од таргетираните “врвни” методи за мониторинг на Агенцијата – оваа година ќе се спроведе во 30 држави и 29 јазици. Како и предходните години, истражувањето ќе биде промовирано преку Reitox мрежата и нејзините партнери, како и преку реклами на социјалните медиуми. Новина е што оваа година ќе се приклучат и државите од Балканот, како и други држави кои не се дел од Европската Унија, преку Инструментот за претпристапна помош (IPA 7) и (EU4MD) проектите. Веб базираните анкети имаат предност во тоа што допираат директно до луѓето кои што користат дрога. Тие се ефтини и брзи за поставување, брзо обезбедуваат нови податоци и помагаат во обележување на новите трендови. Доколку некои прашања се употребени, заедно со ригорозни процеси на превод, тогаш овие истражувања можат да овозможат меѓунационални споредби, стои во соопштението на ЕМЦДДА.
Новиот прашалник, кој што ќе биде во оптек шест недели, е структуриран во модули за: социо-демографски податоци, начини на употреба на дрога, пристап до третман, пристап до дроги (вообичаените цени) и како Ковид-19 влијаел на начините на употреба на дрога. Резултатите ќе допринесат за креирање на значајни бази за практиките за користење на дрога во Европа и за количините на дрога која што се употребува. Ова ќе помогне да се подобрат проценките за големината на пазарот на национално и европско ниво и да се придонесе за развој на политиките пошироко.
Иако веб-анкетите не се репрезентативни за општата популација, кога се внимателно спроведени и комбинирани со традиционалните методи за собирање податоци, тие можат да помогнат да се создаде подетална, реална и навремена слика за употребата на дрога и пазарите на дрога во Европа. Како такви, тие се клучни во одговорноста на ЕМЦДДА кон проблемот со менување на дрогите.
Прашалникот е поставен на следниов ЛИНК и е достапен на македонски, албански и англиски јазик.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.