Над четири илјади тестови, но и над илјада заразени. Во последните 24 часа според информациите од Институтот за јавно здравје, а кои ги соопшти Министерството за здравство регистрирани се 1293 новозаразени со Ковид 19, од 4094 тестирања. Половина од новите случаи се во Скопје, 626, следува Прилеп со 88, па Велес со 60, Гостивар, Кавадарци и Битола со 48, Тетово 36, Штип 41, а останатите градови се под 40 нови случаи. Повторно висока бројка на смртни случаи, вкупно 24, најмладиот пациент имал 49 години. Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани и 339 оздравени пациенти. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.