Во изолација ќе бидат 50 ученици од две штипски основни училишта, откако вчера беа потврдени позитивните тестови на нивните двајца наставници.

Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова истакна дека доправа ќе утврдуваат дали ќе се тестираат учениците. Инаку, од пред два дена во изолација заминаа и 28 деца од една штипска градинка, заедно со нивните две воспитувачки.

Од друга страна, Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека од вчера е почната монтажа на централниот довод за кислород на новата модуларна болница. Во изминатиот период, според здравствените власти, британскиот сој на коронавирусот брзо се шири во штипскиот регион.