Европската комисија денеска треба да го усвои предлогот за воведување „дигитален здравствен сертификат“ за граѓаните на ЕУ кои патуваат во рамките на Унијата, што ќе содржи информации за тоа дали некое лице е вакцинирано со вакцина за коронавирус одобрена од Европската агенција за лекови, стекнал имунитет откако се опоравил од Ковид-19 или направил PCR-тест.

Тој „здравствен сертификат“, како што истакнаа претставници на ЕК, е наменет за граѓаните на земјите од ЕУ, а кога станува збор за патници од Западен Балкан и други делови на светот, Комисијата подоцна ќе разговара со Светската здравствена организација и со Организацијата за меѓународни цивилни летови за тоа каки олеснувања може да се воведат и со примена на кои технички, интероперативни и меѓународни стандарди.

Претседателот на ЕК Урсула фон дер Лајен треба да ја објави одлуката на комесарот на ЕК за усвојување на законскиот предлог за „Зелен здравствен сертификат“ околу пладне, што треба значително да го олесни патувањето на граѓаните до јуни, особено економските активности и туризмот.