Сопругот на кралицата Елизабета Втора ја напуштил болницата по 28 дена третман и операција на срцето.
Според светските медиуми, принцот Филип е пуштен на домашно лекување, утрово.
Медиумите потсетуваат дека тој беше хоспитализиран на 16 февруари во приватна болница, по што беше пренесен во болницата Свети Вартоломеј на почетокот на март, каде му беше извршена операција поради проблеми со срцето.
Да потсетиме, војводата од Единбург има 99 години.
Принцот Филип имал операција на срцето, закрепнува во болницата