Заменик-министерот за здравство Илир Хасани преку објава на својот фејсбук профил истакна дека дури и во приватните болници тешко се наоѓа кревет поради вирусот Ковид 19.
И додека болниците се преполни со пациенти поради компликации од Ковид19, па скоро и во приватните болници тешко се наоѓа слободен болнички кревет, сепак забавата не застанува во кафичи и кафеани.
Ова невнимание скапо ќе не кошта.
Внимание, внимание, внимание додека не е многу доцна!, напиша Хасани.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.