Бијонсе оствари нов рекорд на вчерашното доделување на Греми наградите за 2021 година и освојувајќи вкупно 28 Греми награди досега таа стана женски изведувач со најмногу Греми престижни награди во историјата, додека Тејлор Свифт е првата жена која три пати освојува награда за најдобар албум на годината. Покрај самите доделувања, не церемонија настапија и Меган Д Сталион, Пост Малоун, BTS, Доја Кет, Дуа Липа, Хари Стајлс и други…
Овогодишното доделување на Греми наградите беше одржано синоќа со настапи во живо, но со придржување на мерките за социјална дистанца и без публика. Поради пандемијата изведувачите беа одвоени на пет бини, распоредени во кругот во внатрешноста на Конгресниот центар во Лос Анџелес со цел да се одржи физичката одалеченост.
Четири женски изведувачи ги освоија четирите главни награди на Греми. Иако жените ги освојуваа сите главни награди и претходно, за првпат четири различни соло пејачки ги освоија сите четири главни награди.
Погледнете како изгледаат настапите на музичарите…
Дуа Липа – Levitating
Доја Кет – Say so
Хари Стајлс – Watermelon Sugar
Силк Соник – Leave the door open
Бед Бани – Dakiti
Марен Морис и Џон Маер – The Bones
Лил Бејби – The bigger picture
Пост Малон – Hollywood’s bleeding
Мики Гајтон – Black Liке Mе
Роди Рич – Heartless