Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.789 тестирања, а регистриран е 541 нов случај на КОВИД-19. Регистриран е 521 оздравен пациент. Починале 19 пациенти, за кои се тврди дека починале како последица од коронавирусот. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.646, бројката на оздравени пациенти е 97.687, на починати е 3.319, а бројот на активни случаи изнесува 11.640.