Судот му одреди 30-дневен притвор на 31-годишниот Кристијан Корабоски, кој вчера беше обвинет за три кривични дела, откако претходно ја претепал својата девојка, 26-годишната Сара во Охрид.

При вршење насилство, како што велат од Обвинителството, Корабоски противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и и’ ја загрозил сигурноста.

„Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди“, соопшти Обвинителството.