Коалицијата Алијанса/Алтернатива вели дека со објавувањето на преписката на Министерството за здравство со фантомската компанија од Хонг Конг за набавка на кинески вакцини се потврдила криминалната шема на министерството и премиерот Заев.

-Дури и во ова време на криза каде се заразуваат илјадници граѓани, кога бројот на заразени граѓани се зголемува секој ден, кога за жал се зголемува и бројот на граѓани кои ги губат своите животи, министерот Филипче и премиерот Заев немаат намера да обезбедат вакцини на редовна основа, но наместо тоа, се пазарат и за поволни цени и вложувања надвор од која било човечка норма.

Изненадувачки е како премиерот Заев ги користи компаниите споменати во таканаречените „бомби“ од криминалното делување на Груевски, за истата цел, но сега на штета на здравјето на граѓаните.

Во оваа ситуација, најлогично би било оставка од министерот Филипче и премиерот Заев, за доброто на граѓаните, вели пратеничката Алтрина Ќазими од оваа коалиција.