Само неколку дена откако беше прикажано интервјуто помеѓу Меган Маркл и принцот Хари, се појави е-пошта што наводно војвотката од Сасекс им ја испратила на асистентите, во која таа зборувала и за нејзината врска со Кејт Мидлтон.
Во интервјуто Меган зборуваше за тоа како британските таблоиди пишуваа дека таа ја расплакала Кејт во 2018 година, но таа рече дека вистината е спротивна и тврди дека Кејт ја расплакала неа, за што подоцна се извинила.
Новинарот Омид Скоби објавил наводна е-пошта што Маркл им ја испратила на своите соработници во која споменала дека кралското семејство не сторило ништо за да ги спречи гласините на таа тема.
Имено, кога Меган и Хари беа замолени да потпишат изјави во кои се вели дека принцот Вилијам не ги малтретирал пред да одлучат да се откажат од кралските должности и одговорности, Меган наводно им напишала на своите соработници „Кога веќе се расфрлаат со изјави, можеби КП (палатата Кенсингтон ) ќе признае кој кого расплакал“.
Меган и зборуваше на Опра за ситуацијата, но сепак не откри многу за тоа.
„Таа ме расплака и ги повреди моите чувства“, рече Меган, објаснувајќи.
„Едноставно, јас бев таа која се расплата, а не Кејт. Беше тежок викенд и таа беше вознемирена поради нешто во врска со фустаните на малите деверици“, додаде таа.
Имено, при изборот на фустан за деверуши, за малата принцеза Шарлот, Меган и Кејт се скарале околу кројот и должината на фустанчето.
Дали Меган била груба, или Кејт пречувствителна за својата ќерка? Но, сепак Кејт била видена како од својата соба излегува во солзи, видно вознемирена.
Но, како настаните и понатаму се развиваат, изгледа дека е точна е втората варијанта.