Вечерва во 22.28 часот е регистран земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер на 28 километри североисточно од Гостивар. Бил на длабочина од 2 километри и се почувствувал и на Косово.
Претходно во 22 часот и 17 минути е регистриран земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер со епицентар кај Мавровско езеро.
Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот е на длабочина од 10 километри во близина на Мавровско езеро.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 12.03.2021 година во 20 часот и 40 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 50km југозападно од Скопје.