Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека помеѓу Тито и Енвер Хоџа, го избрал вториот, за време на манифестацијата со која се одбележа 40 годишнината од големите демонстрациите на Косово.
Али Ахмети бил еден од водачите на студентските протести во 1981 година во Приштина.
„Потоа се создаде Ослободителната Војска на Косово, која низ чиста војна, со помош на сојузниците го ослободи Косово. Ги организиравме и Ослободителната народна армија и Ослободителната армија на Прешево, Медвеѓа и Бујановац. Успеавме да ја легитимираме ОНА на националната и меѓународната сцена, со што се овозможи да се прифати промена на политичкиот статус на Албанците во Република Северна Македонија, преку Охридскиот Мировен Договор“, вели Ахмети.
Потсетувајќи на тие времиња, Ахмети ги спомена бројните соработници и учесници на демонстрациите од 1981 година, издвојувајќи ја улогата на актуелните функцинери на ДУИ, како Фадил Бајрами, Тахир Хани и Садула Дураки.
Тој спомена дека во тој период, сите биле припадници на марксиситичко-ленинистичкото политичко движење. Призна дека меѓу тогаш двете доминантни опции, онаа на Тито и на Енвер Хоџа, тој и неговите соработници ја избрале втората.
„Во тоа време имаше два пата. Или го сакате Енвер Хоџа, или Тито. Ние го сакавме Енвер Хоџа. Морам да го кажам ова, нема зошто да каам. Во салите каде што ги одржувавме собирите имаше илјадници луѓе. Но, се додека не се спомнеше името на Енвер Хоџа, никој не стануваше. Кога ќе се спомнеше, тоа предизвикуваше еуфорија“, истакнува Ахмети.