Тунелот Катланово денеска, ќе остане без електрично напојување во периодот од 9:20 до 15:20 часот.

Прекинот е најавен поради замена на дрвен столб со бетонски на 10-киловолтен далекувод кон тунелот Катланово, од страната на селото Бадар.

Според најавата, без електрично напојување ќе биде само тунелот, додека не се очекуваат прекини во снабдувањето со електрична енергија на околните населени места.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.