Актерите Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа вонсудска спогодба со која заврши повеќегодишниот правен спор околу нивната француска винарија Миравал, се наведува во заедничката изјава на поранешната двојка.

Условите на договорот не се објавени, објави „Гардијан“.

„Постигнавме вонсудска спогодба во најдобар интерес на нашето семејство и нема да коментираме понатаму“, изјавија нивните претставници, додавајќи дека коментарите што им се припишуваат на неименувани извори во медиумите не доаѓаат од ниту еден од нив ниту од луѓе блиски до нив.

Пит ја тужеше Џоли во февруари 2022 година, откако актерката го продаде својот удел во винарската група „Столи“, производител на алкохолни пијалоци контролирана од бизнисменот Јури Шефлер.

Пит тврдеше дека таа го прекршила нивниот договор дека ниту еден од нив не може да го продаде својот удел без согласност на другиот.

Во октомври истата година, Џоли поднесе контратужба, во која изнесе обвинувања за злоупотреба што, според неа, му претходела на разводот.

Пит ги негираше обвинувањата. Неговите адвокати тврдеа дека преговорите за купување на нејзиниот удел пропаднале поради барањата Џоли да потпише договор за доверливост што би ја ограничил нејзината можност да зборува за наводната злоупотреба на неа и нивните деца.

Двојката купила контролен удел во замокот Миравал во 2008 година и се венчала таму во 2014 година.

Џоли започнала постапка за развод во 2016 година, а официјално се развеле во 2019 година.

Нивниот договор за развод завршил во 2024 година, објавува Танјуг.