Авион на „Американ ерлајнс“, кој летал од Сан Диего кон Чикаго, принудно слетал во Феникс откако патник се обидел да ја отвори вратата за време на летот, пренесува Еј-би-си 7.

Според полицијата во Феникс, мажот го напуштил своето седиште и одбивал да ги следи упатствата на екипажот да се врати на своето место, по што се обидел да ја отвори излезната врата.

Патниците му помогнале на кабинскиот персонал да го совлада мажот и да го задржи до безбедното слетување на меѓународниот аеродром во Феникс.

A Ame ica Ai li es flight f om Sa Diego to Chicago was fo ced to make a eme ge cy la di g afte the e was a appa e t alte catio o boa d. Video shows a ma st uggli g with flight atte da ts a d passe ge s. https://t.co/zm223pY bY https://t.co/dEGdFxKC L

— ABC7 Eyewit ess News (@ABC7) Novembe 25, 2026

Мажот се здобил со полесни повреди и бил пренесен во болница на преглед, додека останатите патници не биле повредени.

За инцидентот е известено и Федералното истражно биро (ФБИ), а американската Федерална управа за цивилно воздухопловство најави сопствена истрага.

Од „Американ ерлајнс“ им се заблагодарија на вработените за професионалноста, како и на патниците за помошта и разбирањето, нагласувајќи дека безбедноста е нивен главен приоритет.

По отстранувањето на патникот од авионот, летот продолжил кон Чикаго со задоцнување.