Сите шест лица кои се наоѓале во малиот авион што се урнал во Мексиканскиот Залив, недалеку од брегот на американската сојузна држава Мисисипи, загинале. Меѓу нив имало и две момчиња, на возраст од осум и десет години. Нуркачи ги извлекле нивните тела од остатоците на леталото, соопшти Крајбрежната стража на САД, објави Њујорк пост.

[embedded co te t]

Авионот од типот „Цесна 210“ (Cess a 210), кој има еден мотор, се урнал во вторникот попладне, помеѓу градот Паскагула и островот Хорн. Во леталото имало четворица возрасни и две деца. Авионот летал од Њу Орлеанс кон Форт Мајерс, Флорида.

Контролата на летање изгубила контакт со авионот околу 15:45 часот по локално време. Според податоците на Крајбрежната стража, пред губењето на контактот, авионот губел височина со брзина од околу 10.000 стапки (приближно 3.000 метри) во минута.

[embedded co te t]

Операција за пребарување и спасувањеСпасувачките екипи најпрво ги пронашле кабината на авионот, сплав за спасување и три појаси за спасување. Во операцијата за пребарување учествуваа Крајбрежната стража, властите на сојузната држава Мисисипи и локалните служби за итни случаи.

Причината за несреќата ја истражуваат Федералната управа за авијација на САД (FAA) и Националниот одбор за безбедност во транспортот (NTSB).