Со години, Викторија Бекам го негува својот препознатлив стил на шминкање – smoky eyes, а нејзината беспрекорна шминка претставува инспирација за многумина.
Иако темниот молив за очи можеби е нејзин заштитен знак, кога се шминка, Викторија Бекам всушност започнува со молив кој е едвај забележлив на очите. Ако се обидеме да го ископираме нејзиниот карактеристичен „смоки“ изглед, лесно можеме да го превидиме токму оној трик што прави нејзините очи да изгледаат поодморени и посвежи.
Во видеото што неодамна го сподели на социјалните мрежи, таа откри дека всушност започнува со долниот очен капак. Пред да нанесе сенка, темен молив и маскара, таа зема светлобеж молив и исцртува линија долж внатрешниот раб на долниот очен капак, веднаш над трепките.
Викторија го користи моливот „I sta t B ighte i g Wate li e Pe cil“ од сопствената колекција – нежна беж нијанса која подобро се вклопува со природната боја на внатрешниот раб на очниот капак. Тој суптилно го прикрива природниот розоникав тон, правејќи белките на очите да изгледаат посветли.
Разликата е суптилна, особено кога се гледа од вообичаено растојание за разговор – растојанието помеѓу вас и личноста со која разговарате.
А ако го обожавате препознатливиот „smoky eyes“ изглед на Викторија, не мора да се откажувате од вашиот омилен темен молив за очи. Нежно размачкајте ја по должината на горната линија на трепките, притоа оставајќи го внатрешниот раб на долниот очен капак светол.
На тој начин, дури и најтемната кафена или црна нијанса може прекрасно да ги врами вашите очи, додека целокупниот изглед го задржува чувството на свежина – што е всушност и причината поради која првично посегнавте по беж моливот.















