Полскиот заменик-министер за одбрана Павел Залевски денес изјави дека НАТО ќе распореди авион за рано предупредување и контрола на воздушниот простор (AWACS) во Полска, како дел од одговорот на падот на три ракети на територијата на таа земја.

Според обвинителството, три руски ракети H-101 паднале на територијата на Полска во петокот, што дополнително ги зголемило стравувањата дека војната во Украина би можела да се прелее на територијата на една од членките на НАТО, пренесува Ројтерс.

„Авионот за рано предупредување AWACS ќе биде ставен на располагање на Полска. Тоа е многу добар систем што ни овозможува да имаме уште подобар оперативен преглед на ситуацијата и поефикасен одговор на ваквите закани“, изјави Залевски за новинарите по состанокот на НАТО во Брисел.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.