„Смешно е што Мицкоски се обраќа со писмо до амбасадорите околу пописот. Тој може да се обрати до јавноста и власта. Требаше да процени дека кај нив нема воопшто никаков рејтинг, поради бојкотот на референдумот и пописот“, изјави новинарот Зоран Иванов за емисијата „Само вистина“.
Според него, тврдењата дека пописот не е според европските стандарди се манипулација.