Угостителските објекти за свадби, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, моментално се затворени, но ако има можност до пред сезоната секако дека ќе направиме напори да бидат отворени и да се стават во функција, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Но, како што додаде министерот, до тогаш остануваат затворени, но дека ќе продолжи поддршката за овие угостители.
– Advertisement –
„Поддршката за угостителите кои организираат свадбени веселби ќе продолжи, но за Владата е неприфатливо да донесе спротивни одлуки од предложените од Комисијата за заразни болести и овие ресторани остануваат затворени. Како што беше во четвртиот сет на економски мерки и сега со петтиот сет на економски мерки секако дека тие дејности кои ќе бидат затворени со одлука на Владата по предлог на Комисијата ќе бидат дополнително поддржани од страна на Владата се со цел да бидат ликвидни, но истовремено и да ги зачуваат работните места“, изјави Бектеши.