Пејачката Кејти Пери (42) и нејзиниот партнер, поранешниот канадски премиер Џастин Трудо (54), се појавија заедно на хуманитарната гала-вечер „Baby2Baby“ во Лос Анџелес.

Парот позираше пред фотографите, насмеани, при што еден момент особено привлече внимание: пејачката му ја местеше вратоврската на Трудо.

Нивното заедничко појавување доаѓа само неколку дена откако поранешниот сопруг на Пери, Расел Бренд, беше осуден на десет години и шест месеци затвор за силување и сексуален напад, пренесува „Page Six“.

Позираа пред фотографите со насмевкиПери и Трудо пристигнаа на настанот, кој се одржа во саботата, 14 ноември, во „Pacific Desig Ce te “ во Лос Анџелес. За оваа пригода, пејачката избра сребрен фустан со светки и без прерамки, искомбиниран со долго сатенско здолниште во боја на шампањ и наметка во иста нијанса – креација на модната куќа „A to io G imaldi“.

Трудо носеше бело свечено сако, црни панталони и црна вратоврска.

Само неколку дена претходно, во средата навечер, парот беше фотографиран и при излегување од италијанскиот ресторан „E. Baldi“ во Беверли Хилс.

Заедно повеќе од една годинаГласините за врска помеѓу Кејти Пери и Џастин Трудо првпат се појавија во јули 2025 година, по разделбата на пејачката од актерот Орландо Блум, со кого ја има шестгодишната ќерка Дејзи Дав.