При контролни патроли во водите на Охридското Езеро извршени на 15.11.2026 во близина на охридското село Пештани, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ при Регионалниот центар „Запад“, пронајдоа рибарски мрежи со должина од околу 100 метри со улов од 239 парчиња риба охридска белвица и друг вид риба, со вкупна тежина од 24 кг и 550 гр како и повеќе парчиња разновиден риболовен алат.
По насоки од јавен обвинител, истите се одземени за натамошна постапка по што известен е надлежниот инспектор за рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



















