Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за Оскар и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (G ie so B itish Docume ta y Awa ds) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.
Ова највисоко британско признание за документаристика Котевска го доби за нејзиниот филм „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silya ), продукција на Natio al Geog aphic Docume ta y Films и Dogwoof. Со оваа победа на свечената церемонија во Лондон, македонскиот филм триумфираше во најсилната кино-категорија, уште еднаш потврдувајќи го светскиот квалитет на домашната авторска кинематографија и го зацементира документарниот филм “Приказната за Силјан“ како најуспешен документарен филм за 2026 година.
Наградите „Гриерсон“, основани во чест на таткото на документарниот филм Џон Гриерсон, се најстарите и најугледни награди за документарен филм во Велика Британија. Титулата „британски Оскар за документарци“ ја носат поради нивното огромно влијание во филмската индустрија и фактот што победниците редовно се вбројуваат меѓу главните фаворити за наградите БАФТА и американскиот Оскар.
Овој триумф во Лондон доаѓа по историскиот успех со „Медена земја“ и неодамнешното освојување на „Зелениот Оскар“ (Wildsc ee Pa da Awa d), со што Тамара Котевска и „Приказната за Силјан“ бележат незапирлива низа од победи на најголемите светски филмски сцени.
Со ова признание, Котевска се впишува во друштво на најголемите светски документаристи и филмски великани кои претходно ја освоиле истата награда, меѓу кои се оскаровците Асиф Кападија (Amy, Se a), Алекс Гибни, Кевин Мекдоналд, култните автори Вернер Херцог, Луј Теру и сер Дејвид Атенборо, како и тимовите зад оскаровските триумфи „Без друга земја“ (No Othe La d), „За Сама“ (Fo Sama) и „Сè што дише“ (All That B eathes).
Режисерката изјави: „Вредноста на „Приказната за Силјан“ продолжува да се потврдува и по цела една година исполнета со награди, а ние очекуваме уште многу нови признанија и во наредниот период. Искрено, немам и што повеќе да кажам со зборови, освен дека овој филм го носи моето срце и целата моја страст кон седмата уметност.“
















