Откако пукна огромниот скандал со „Алта банка“, гледаме панични обиди на Христијан Мицкоски во одбрана на банката на Вучиќ и намера да се заташка случајот.
Трајко Славески самиот се обвини. Ставил потпис, дал дозвола за работа на банка што според информациите во Србија служела за перење пари стекнати со криминал и корупција. Последните информации се дека постои сомнеж и за печатење пари, истакна на прес-конференција Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
Славески, додаде тој, јавно призна дека одлуката за „Алта бака“ ја донел во консултации со Мицкоски.
„Затоа СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот Трајко Славески и против сите инволвирани во внесувањето на Алта банка во Македонија.
Сега на ред е обвинителот Савески веднаш да постапи по кривичната пријава.
Мицкоски го копира моделот на Вучиќ, врши притисок врз Обвинителството, дава задачаи.
На јавноста веќе ѝ е јасно дека лажел и дека тој лично е одговорен за банката на Вучиќ.
Обвинителството мора да работи според законот и да постапува.
Гледаме во Србија што се случува со обвинителите што слепо ги слушале наредбите на Вучиќ. Се очекуваат апсења на главните обвинители што ѝ служеле на организираната криминална група и на режимот на Вучиќ“.
Савески оценува Фрчкоски, мора да покаже дека работи независно и по закон.
„Гувернерот Трајко Славески исто така има директна одговорност.
Основани се сомненијата за несовесно работење, за злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.
Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?
Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески. Да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.
Во Србија секој ден има апсења. Обвинителството работи. Ги вади истрагите од фиока.
Кај нас Мицкоски го копира Вучиќ и поднесува пријави против опозицијата за ширење паника.
Паниката ја направија Мицкоски и Славески. Тие ја донесоа криминалната банка во Македонија, тие јавните претпријатија ги внесоа во „Алта банка“, тие им велеа на граѓаните дека се е во ред“.
Тие според Фрчкоски, воведоа присилна управа и им ги блокираа парите на граѓаните.
Сега, како што вели, граѓаните не можат да дојдат до своите пари.
„Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за „Алта банка“, толку по панично Христијан Мицкоски прета во калта.
Влегува во дилови и за продажба на банката иако Мицкоски нема никаква надлежност.
Во Собранието лаже на надзорната расправа за „Алта банка“, ги лаже пратениците, ја лаже јавноста.
Се плаши, од тоа што ќе покажат документите, што ќе се открие потеклото на капиталот, трансакциите, сметките и неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ“.
Затоа, нагласува Фрчкоски, потребна е брза и силна реакција од Обвинителството.
„Мора да покаже дека работи независно и по закон.
Скандалот со „Алта банка“ нема да се заташка. Правдата доаѓа.
Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат“.
















