„Јунајтед ерлајнс“ синоќа објави дека им забранува на агентите на вештачка интелигенција да резервираат летови во име на патниците, наведувајќи ги безбедносните ризици и потенцијалот за кршење на федералните прописи, објавува „Ројтерс“.
Сè поголем број потрошувачи користат AI агенти – како што се Muse на Meta или алатката Dots на Ope AI – за извршување на разни задачи, почнувајќи од пребарување производи и наоѓање понуди до завршување на вистински купувања.
Авиокомпанијата, исто така, предупредува дека користењето AI агент – на пример, за пријавување за лет – може да ги прекрши федералните прописи, вклучително и барањата патниците лично да потврдат дека нивниот багаж не содржи забранети предмети.
„Следствено, Јунајтед презема чекори за ограничување на пристапот – и директно во рамките на нашите дигитални платформи и индиректно преку туристички агенции и пребарувачи на летови – за да се спречи употребата на неовластени лични AI агенти или асистенти од трети страни“, соопшти компанијата.
Како резултат на оваа нова политика, авиокомпанијата ги ажурира своите услови за резервација и издавање билети.
„Со ова, Јунајтед сигнализира дека не сака да додаде уште еден – потенцијално уште помоќен – посредник на оние со кои веќе се соочува, како што се Google Sea ch, веб-страниците за споредба на цени и онлајн туристичките агенции“, изјави Хартевелдт за CBS News. „Пребарувањата на летови имаат цена за авиокомпаниите, а Јунајтед сигурно сака да ги избегне трошоците поврзани со наглото зголемување на пребарувањата генерирани од AI ботови.“
Билетите на U ited сè уште ќе можат да се резервираат преку пребарувачи за летови како Kayak, Hoppe и Google Flights, истакнува Хартевелдт, додавајќи дека „не треба да им биде потешко на потрошувачите да најдат добри понуди со овој превозник“.
„Сепак, со блокирање на AI ботови, U ited сигурно не го олеснува ниту наоѓањето на своите билети“, заклучи тој.


















