Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, во рамки на државната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, присуствуваше на свеченото отворање на Светскиот лидерски самит „Кон одржлива, отпорна и правична иднина“, чиј домаќин е претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Настанот го означи почетокот на самиот на високо ниво за шефовите на држави и влади во рамки на COP31.

За време на Пленарната сесија, пред светските лидери се обрати претседателката Силјановска-Давкова, претставувајќи ги националните позиции, климатските амбиции и посветеноста на кон глобалните зелени цели.

Учеството на овој форум го потврдува активното учество на нашата земја во меѓународниот климатски дијалог и заложбите за обезбедување праведна зелена транзиција, одржлив развој и зајакната регионална и глобална соработка.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.