Ноќеска во 02:25 часот на улицата „Таки Даскалот“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 49-годишниот Х.М. од Скопје, извести МВР.

При преземање службени дејствија, извршен е преглед на патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, при што биле биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, таблети, марихуана и вага.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.