Вчера во 18:40 часот на пешачка патека покрај реката Вардар на подраќје на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишија од слобода 19-годишниот Ф.С. од Скопје затоа што при извршен преглед над него била пронајдена и одземена марихуана, извести МВР.

Подоцна, со судска наредба и во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, извршен е претрес во домот и други простории на Ф.С., при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.