Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


















