Канада ќе ја продолжи програмата за олеснување на царините за увоз на одредени производи од Соединетите Држави до 30 јуни 2028 година. Одлуката ја соопшти министерот за финансии Франсоа-Филип Шампањ, пренесува Ројтерс.
Министерот појасни дека мерката се однесува на стоки што во моментов се дефицитарни на канадскиот пазар. Станува збор првенствено за производи кои не се од челик, а се користат во рударството, експлоатацијата на каменоломи, како и во вадењето на нафта и гас.
To help Ca adia busi esses a d wo ke s, b oad-based ta iff elief o U.S. impo ts is exte ded o e yea a d expa ded to: https://t.co/w3iEG2OkkJ
— Fi a ce Ca ada (@Fi a ceCa ada) Novembe 9, 2026
Во меѓувреме, двете земји почнаа да ги ублажуваат некои од овие мерки. Кон крајот на октомври, САД ги укинаа царините за одредени канадски производи, вклучувајќи специфични видови машини и производи од хартија. Сепак, преговорите за поширок договор не доведоа до значителен напредок. Американските царини за канадскиот челик и автомобили остануваат главните нерешени прашања.
Според тоа, одлуката на Канада да ги продолжи овие мерки за олеснување не значи укинување на реципрочните (одмазднички) царини, туку продолжување на ослободувањата за одредени стоки што се од суштинско значење за канадската економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

















