Џорџина Родригез преку социјалните мрежи му откри на светот дека се почестила со скап автомобил – иако, за неа, цената е практично ситница.
Добро е познато дека Џорџина Родригез ужива голема популарност, како во реалниот свет, така и на социјалните мрежи. Таа често споделува моменти од својот раскошен животен стил на Инстаграм, при што скапи модни додатоци, патувања и луксузни предмети се редовен дел од нејзините објави.
Овој пат, таа се пофали со нов луксузен автомобил. Како што може да се види на нејзиниот Инстаграм, Џорџина, во друштво на своите деца, пречека нов „Ra ge Rove “ во елегантна нијанса на шампањ, токму пред нивниот семеен дом.
Иако не го откри точниот модел, се проценува дека цената би можела да надмине 200.000 евра.
„Кога доставата ќе пристигне кај вас дома“, напиша таа накратко во описот на видеото. Внимание привлече и еден интересен детал на автомобилот: персонализирани регистарски таблички на кои стои името на Џорџина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


















