Полициски службеници од СВР Охрид на 7 ноември го лишиле од слобода 49-годишниот Б.Н. од Охрид, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени три пакувања со бела прашкаста материја и пари.
Претресот бил извршен со судска наредба, при што биле одземени пронајдените предмети.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.



















