„Сите полициски службеници се на терен. Ова беше неопходна мерка, никој не ја посакува, но моравме да ја примениме во борбата против ширењето на пандемијата. Верувам дека заеднички со оваа мерка во наредните 14 денови ќе го запреме ширењето на вирусот“, изјави министерот Спасовски од еден од полициските контролни пунктови.
Спасовски нагласи дека најголем процент од граѓаните ги почитуваат сите мерки.

„Мерката важи за сите граѓани и нема да има попуштања, освен таму каде што се предвидени остапки“, појасни Спасовски.