По средбата во Драчево, синоќа се одржа јавна средба и во Домот на култура „Билјана Беличанец“, посветена на креирањето на новиот општински буџет на Општина Кисела Вода за 2027 година. Присутните граѓани директно се вклучија и преку дискусија ги посочија најважните потреби и конкретни решенија за своите населби. Преку нивните идеи, заедно се одлучува за следните чекори и заеднички се креира буџетот, дефинирајќи ги вистинските приоритети, известува Општината Кисела Вода.

„Процесот се спроведува во соработка на Општина Кисела Вода со Fi a ce Thi k, под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, со цел секој жител да има можност да придонесе во одредувањето на буџетските приоритети.

Доколку граѓаните не беа во можност лично да присуствуваат на овие средби, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот.

Сите пристигнати предлози се клучни за заедничко дефинирање на приоритетите, бидејќи гласот на секој поединец е важен за развојот на општината. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas“, соопшти Општина Кисела Вода.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.