Во интервју кое сигурно ја шокираше светската јавност, принцот Хари и откри на водителката Опра Винфри дека можел да го напушти кралското семејство само благодарение на милионите што ги наследил од неговата мајка, покојната принцеза Дијана.
Имено, принцот откри дека кралското семејство го оставило без никаква финансиска поддршка на почетокот на 2020 година, што ги принудило тој и Меган да се согласат да потпишат мултимилионски договори со стриминг услугите „Spotify“ и „Netflix“.
Хари донел одлука да се повлече од кралското семејство благодарение на наследството што му го оставила неговата мајка, принцезата Дијана по неjзината смрт.
Според извештајот на магазинот „Форбс“, Дијана му оставила значителна сума пари на својот помлад син. Хари добил дури 10 милиони фунти од имотот на неговата мајка.