Во ОВР Берово, во текот на вчерашниот ден во 15:30 часот, 43-годишна жена од Берово пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Д. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Истиот ден во Кочани во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Ј.(67) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 58-годишна сопруга дека околу 15:00 часот во семејниот дом и упатил закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во ОВР Струга в чера во 11:30 часот било пријавено дека, Ј.Б. од струшко село, во семејниот дом физички го нападнал неговиот 67-годишен татко. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
















